Менаџер на месецот: Агим Емурлаи – Мебел Дизајн

Г-динот Агим Емурлаи, главниот менаџер и основач на Мебел Дизајн е најдобриот менаџер за овој месец. Прочитајте го целото интервју и дознајте многу за оваа иновативна компанија која е успешна на европскиот пазар.

На почеток, кажете ни малку за Вас, Вашата идеја за компанијата за мебел ,нејзината реализација и почетоци?

Мебел Дизајн е иновативнатехнолошки развиена компанија за производство на мебел која се разликува од сите други по непосредниот пристаппланирање и реализирање на проекти и нивно имплементирање во секој домСтанува збор за моја сопствена идеја и желба во дамнешната 1999 година и од тогаш па се до денес, ние сме во чекор со најсовремените трендови, иновации и новитети кои ви ги нудиме на дланка и единствени во околината и пошироко кои сето тоа го изработуваме и обработуваме по ваша лична желба. Финалниот продукт е исклучителен дизајн кој не е само луксузтуку прекрасна неопходност за Вашиот дом.

Која е визијата на Мебел Дизајн?

Уникатността со која располагаме ја заштитуваме уште од самите почетоци, а таа се состои од достигнување совршенство не само во поглед на естетската убавина, туку и во квалитетот за кој нудиме и гаранција. Лично за мене а и за моите вработени, од непроценлива важност е мислењето и задоволниот лик на купувачот при крајниот резултат. Токму затоа Мебел Дизајн цели само кон совршениот резултат, беспрекорността, кон врвот и кон ништо помалку од тоа. Како што Вашиот дом го опишува Вашиот живот, така и нашиот труд и резултат зборуваат за нашиот квалитет кој во досегашното искуство оставал а верувам и понатаму ќе остава само траги на задоволни потрошувачи.

Во склоп на новата фабрика изградена во 2011 година со површина од 2600м2, купувачите можат да го посетат и изложбениот салон од 450м2. Каде е изложен дел од вашиот асортиман на кујни, спални и детски соби.

Да, изложбениот салон е просторот кој секојпат со секој новитет е постојано променлив и можам да кажам тоа е местото каде што самите со себе испробуваме новитети како во дизајнот така и со техничкиот дел. Изложените парчиња мебел се наоѓаат на првиот и вториот кат, каде што се добредојдени сите заинтересирани. Знаете, модата, трендовите се во постојано движење. токму затоа постетителите на изложбениот салон можат лично да се уверат во можните начини на изработка, како и механизмите и широкиот асортиман на материјали со кои располагаме.

Кој се стои зад реализираните проекти? Какви профили го сочинуваат вашиот стручен тим?

Зад сите проекти, се разбира заедно под мое раководство стои мојот стручен тим. Тој содржи луѓе со искуства на различно поле од областа на дизајнот и ентериерот, монтирањето, луѓе кои се задолжени за административниот дел и менаџирањето, но и луѓе кои го владеат работењето на CNC машините и другите машини во погонскиот дел. За секое парче од мебелот труд вложуваат вкупно 30 вработени, а советите кои можете да ги добиете, цените, како и идејните проекти, и цртежи како за изложбениот салон така и за потрошувачкиот пазар се дела на архитектот.
Од оваа година на таа позиција ќе се приклучи и мојата ќерка, која ги привршува магистерските студиите по архитектура во Скопје. Семејството на Мебел Дизајн постојано се надоградува и проширува а со тоа се збогатуваме со нови идеи и искуства.

Со кои брендови, поточно кои се вашите партнери со кои соработувате?

Дел од нашите долгогодишни соработници: Kronospan, Egger,kaindl, Kastamonu , Blum,Hettich,GTV и уште многу други….

Изминативе 9 години Мебел Дизајн своите достигнувања ги прошири и надвор од границите на Република Македонија, поточно во Кралството Холандија и Белгија. Станува збор за комплетно ентериерно опремување на хотели и хотелски соби, а дел од нашите изработени проекти можете да ги погледнете на нашата веб страница www.mebeldizajn.com.
Тоа е еден сосема друг свет на идеји и трендови, ексклузивен мебел кој никого не остава рамнодушен. Таму соработуваме со неколку архитектонски студија и во последните години нашето производство е повеќе осврнето кон надворешниот одколку за домашниот пазар.

Салоните за мебел веќе не се само продажни места, туку многу повеќе! Место каде може да се добие совет, идеја за уредување на домот. Што на тоа поле нуди Мебел Дизајн?

Токму така. Тоа е дел од политиката на самата фабрика: Разубавување на одреденото барање со дополнителна идеја или совет, се со цел да се постигне не само ефективност туку и ефикасност во понатамошното користење на мебелот и усовршување на функцијата на истиот. Мојот стручен тим, секогаш е достапен за било каква помош и совет, кога станува збор за барањата на идниот купувач, особено кога станува збор за уредување на ентериер од поширок аспект, со цел да се добие усогласеност во дизајнот и хармонија во ентериерот.

Како ја определувате понудата во вашите салони, односно колку се водите според желбите на потрошувачите?

Со развојот на интернет пристапот и социјалните мрежи, морам да кажам дека денес во споредба со минатото најчесто барањата за уредувањето се токму идеи исцрпени од таму. Желбата на потрошувачот е секогаш на прво место, се разбира доколку станува за барања кои што се во рамките на изводливоста. кога велам изводливост, поточно зборувам за функционалноста и ефикасноста на идејата. Естетскиот изглед, многу често знае да залаже и да ја прикрие во себе нефункционалноста која е од несомнено важен карактер. Многу често се случува да се соочиме со нешто кое од наше личо искуство знаеме дека нема да функционира онака како што е тоа претставено, па токму затоа сме тука за совет и идеја се со цел тоа да изгледа онака како што е замислено, а сепак да се избегнат негативните ефекти. Морам да признаам дека во последно време, токму потрошувачите сносат идеи и избор на стилови за кои би се одлучил и самиот јас, така што пребарувањето на интернет и црпењето идеи од таму само ми укажува на фактот дека секој во себе крие дизајнер со свој личен вкус и начин на кој ги гледа работите а нас сето тоа уште повеќе не инспирира во работата, обидувајќи се секогаш тоа да биде уникатно и со стил.

Дали сте задоволни од продажбата и дали истата се реализира според очекуваното?

Да. Во целост.

Кои се условите на продажба и услуги кои ги нуди Мебел Дизајн? Дали доставата до дома и монтирањето се доплаќа или е вклучено во цената?

Монтирањето е вклучено во цената, без доплата исто така и доставата. Доставата во други градови, надвор од Тетово,  дополнително се доплаќа.
Секоја продажна цена е во договор со купувачот.

Дали можете да извлечете заклучок што луѓето најмногу купуваат, и дали постои некој тренд оваа година?

Тука не би можел да генерализирам бидејќи не секој купувач следи тренд или се води кон еден одреден дизајн, но можам да кажам дека фаворити се механизмите со меко затворање, како и дизајнирањето на детскиот мебел со вдлабнувања во различни форми или цртани ликови по желба.